Михајловиќ ќе биде новиот кормилар на Милан

Поранешниот селектор на Србија, Синиша Михајловиќ ќе биде новиот тренер на Милан, тврди “Газета дело спорт”.

Прв избор на Силвио Берлускони бил Карло Анчелоти, но откако тој одбил враќање во Милано, од таборот на „росонерите“ веднаш реагирале и веќе наводно се договориле со резервната варијанта, а тоа е Синиша Михајловиќ.

“Газета” веста за Михајловиќ ја пренесува на насловната страна, тврдејќи дека српскиот стратег без размислување го прифатил новиот предизвик. Соработката меѓу двете страни треба да се официјализира деновиве.

Михајловиќ во понеделникот ја напушти клупата на Сампдорија, а по крајот на сезоната го доби и признанието за најдобар тренер во Серија А во изминатата сезона во изборот на “фудбалските лидери”.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.