Михајловски: Единството ќе не одбрани од непријатели

Народот сака заштита, а здружението му припаѓа на сите граѓани и затоа секој треба му пристапи и да го поддржи, порача актерот Тони Михајловски на синоќешната средба со битолчани.

-Не треба да се плашиме. Само единството ќе не одбрани од сите непријатели. Македонецот треба да се обедини во финалната пресметка со оние што сакаат да го разнебитат народот, оние што ја поставија поделбата во далечната 1991 година, и поништувањето на овој народ мора да запре како процес, тивкиот геноцид против нас треба да се спречи со ова модерно востание. Дури и сите протести кои наводно се за хонорари, законот за образование и слично, испаѓа дека се за рушење на поредокот во државата, нагласи актерот Тони Михајловски.