Михајловски: Имаме докажани предавници- го предадоа името, знамето и народот

Според актерот Тони Михајловски, кој е дел Граѓанското движење за одбрана на Македонија,  многу пострашно е тоа што земјата е нападната одвнатре.

– Како народ најмногу сме пателе од сопствените злостори. Реченицата на Гоце Делчев дека не видел народ кој толку пател од домашните злостори како македонскиот одамна не била поточна, рече Михајловски.

На другата страна, додаде Михајловски, имаме докажани кукавици и предавници. Во деведесетите го предадоа името, веднаш потоа знамето, а со самото тоа го предадоа и народот.

Побара да се објават, ако има снимени разговори, кои ќе ги откријат тајните за атентатот на поранешниот претседател Киро Глигоров  и за смртта на Борис Трајковски.

Во Граѓанското движење за одбрана на Македонија членуваат историчари, научници, професори, новинари, глумци и други интелектуалци.

ГДОМ досега одржа трибини во неколку градови во Македонија, меѓу кои, Битола, Велес, Штип, Куманово.