Михајловски: Намерата е да се федерализира земјата, или уште пострашно – да се подели

Никогаш не било попотребно да се брани Македонија, бидејќи сме нападнати на сите полиња од социјалното живеење и од политичкиот живот, истакна Тони Михајловски на денешната трибина на ГДОМ во Кичево.

Гледаме дека намерата е да се федерализира земјата, можеби дури и пострашно, да се подели, но основата е да се уплаши народот. Токму тоа е и една од намерите на овие дебати- да се разбие стравот кај народот, односно да се окуражи народот и да не им верува на оние квислинзи, оние кои работат против Македонија, оние кои работат за воведување двојазичност по секоја цена и на крајот на краиштата да посочиме на медиокритетите кои дојдоа на позиции кои дефинитивно не ги заслужуваат, како што е СЈО, односно целиот тим кој го води и управува СЈО, бидејќи се нестручни луѓе раководени од политичките идеи на една политичка партија СДСМ и дека воопшто не се во функција на државата и на народот на Македонија, посочи Михајловски на денешната трибина на ГДОМ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.