Михајловски: Разликата меѓу мене и вас е што јас не земам пари, а вие не мрдате за без пари

По нападите од опозициските медиуми упатени кон Тони Михајловски, кој заедно со Александар Пандов и Миленко Неделковски се дел од граѓанската иницијатива „Слобода за Дедо Љубе“, а пред некој ден беа и лично да го посетат дедо Љубе и неговата сопруга во кратовското село Којково, актерот напиша Фејсбук статус наменет за овие новинари, кои како што вели тој, не знаат да кажат ништо друго, освен да плукаат.

Еве го интегралниот текст објавен на неговиот Фејсбук профил:

„Не можете ништо друго освен да плукате, и не знаете ништо друго освен да л’жете и извртувате се и сешто. Групата на пример е формирана после мојот пост СЛОБОДА ЗА ДЕДО ЉУБЕ, но вие велите дека тие се први и дека јас сум ги копирал нив. Знаете дека има датум и час на се што се прави на ФБ, или не? 🙂

Човечноста ви е непознаница како карактеристика па дури и во оваа чисто човечка намера гледате нешто друго. Такви сте. Лања од љуѓе. 😉

Разликата меѓу мене и вас е во тоа што јас за ова не земам пари а вие не мрдате со прст ако нема пари. И вие и тој што ве плаќа имате исти интереси. Пари. Грозни сте и вие и Тој. Вие малку повеќе.

Да, таму беа адвокатите ама не бевте вие, посебно не ти, неуспешен абортусу од новинар, забравам ти името. Ти мораш да трчаш постојано до Сорос да го покажеш текстот во кој лажеш и навредуваш и да чекаш да бидеш потапшан по рамо и богато награден за лагите и навредите што ќе ги испорачаш. И да цуцнеш малце од мудроста на работодавачот. Тоа ви дава сила.

Па сепак не ме чуди оваа лага. Вие толку можете и ве разбирам. Вие сте ѕвоно што ѕвони и кимвал што ѕвечи оти немате љубов одамна. Можете да зборувате на сите светски јазици и сепак да не бидете разбрани бидејќи од вашите глави излегува само злоба и завист. Живејте така кога сте глупави. Што да ви правам. Не можам дури ни да ве жалам.“

Еве доказ дека актерот Михајловски навистина има напишано Фејсбук статус во кој побарал слобода за дедо Љубе, уште на 26 февруари.

Toni-FB-Sloboda-za-Dedo-Ljube_thumb_medium500_528

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.