Михајловски: СДСМ традиционално се против Македонија

Ние нудиме рака на помирување ние со нив не успеавме да се договориме околу нашиот вечен интерес, Македонија е нашиот вечен интерес и ние треба сите заедно да работиме, Македонија да оди напред. Јас разбирам политички борби, но дајте да се договориме дека за државата треба едно исто да правиме. Тие се плашат од помакедончување на оваа држава.

Ова на панел дискусијата во кампот на Чуварите на демократијата го истакна актерот Тони Михајловски, пишува Курир.

-Ние како никогаш досега имаме чувство на припадност, на државност и знаеме кои сме. Не убедуваат дека треба да го заборавиме минатото, како можам да го заборавам и да одам напред ако не знам од каде доаѓам. Мојот старт е минатото, ова е сегашноста, а целта ми е иднината. Ако си го заборавам минатото ќе бидам дрво без корен. Тогаш ќе треба да ги заборавиме Гоце Делчев, Даме Груев, Кирил и Методиј, сите треба да ги заборавиме и да почнеме од 1945, јас не сакам да верувам дека постоиме од ’45, истакна Михајловски.

Тој додаде дека сценаријата на СДСМ се гледаат и се прочитани.

-Сите аналитичари светски кажуваат кој стои зад ова, кој сака да не разнебити, само тие се упорни. Но, како што ние имаме традиција да ја браниме сопствената земја, така тие имаат традицијата да ја бранат погрешната страна и тоа секогаш против Македонија. Не знам од каде е тоа, но најверојатно парите се помили од љубовта кон сопствената земја. Мене ниедна пара не може да ме купи да не натера да бидам нешто друго освен Македонец, посочи Михајловски.