Михајловски до СДСМ и Заев: Ајде на избори!

„Господе дај ми сила да ги одбранам мојот народ и мојата земја“.

Ова го порача актерот Тони Михајловски од масовниот и мирен собир на Граѓанското здружение за одбрана на Македонија пред седиштето на СДСМ.

-Да ја поздравиме одлуката на ДИК,  штотуку стигна информација дека со 2/3 мнозинство има услови за фер и демократски избори на 5 јули. Затоа да им го порачаме она за кое што дојдовме: Да им кажеме ајде на избори, порача Михајловски.

Граѓаните, повторно во еден глас ја испеаа песната „Едно име имаме“, праќајќи уште една порака до СДСМ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.