Михајловски: Уплашени се од македонштината што ја носиме

Нема да не поништат. Се обидуваат да не уплашат. Не се плашиме. Ова го посочи актерот Тони Михајловски на синоќешната трибина на Граѓанското движење за одбрана на Македонија.

-Тие се уплашени од македонштината што ја носиме, уплашени се од спремноста дека во секој момент можеме да застанеме зад браникот на сопствената држава, не размислувајќи дали ќе го дадеме животот за таа земја, рече Михајловски.

За нив, рече тој, повредно од Македонија е власта, а стравот што го шират е оружје и вода во која најубаво пливаат.

– Цело време не ставаат во списоци и тефтери. Нивните тефтери ми се доказ дека сум Македонец, истакна Михајловски.

Најопасни, според него, се домашните предавници оти од нив најмногу страдаме.

-Кој е тој човек кој го пушта своето дете да ја бие битката на возрасните. Тоа го гледаме сега со студентите, рече Михајловски и додаде дека сега се води умствена психолошка војна.

Во Кумановскиот театар, на крајот од трибината, актерот Петар Темелковски изведе дел од монодрамата за Јане Сандански.