Македонија,Политика

Мијалков: Фирмата која што ја споменува Шилегов не е моја

Мијалков: Фирмата која што ја споменува Шилегов не е моја

Директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, вели дека фирмата од Панама, која што ја споменува портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, не е во негова сопственост.

„Панамската фирма што ја спомена портпаролот Шилегов не е моја сопственост а прес конференцијата е уште еден обид да се наруши мојот углед, без разлика што се обидуваат да го завијат во прашална форма, за што ќе следува нова тужба. За секое дополнително прашање на СДСМ професионално е да се обратат кај менаџментот на компаниите што ги посочуваат“, стои во писмената изјава на Мијалков.

Веќе станува банално, истакнува тој, СДСM по стоти пат, во недостиг на проекти, да се обидува да исконструира некоја тема во разни варијанти, да отвора веќе затворени прашања.

„Може и илјада пати да прашаат исто прашање. Но повторно останува истиот одговор. За бизнисот повеќе пати потврдив дека постои во странска држава и за него институциите веќе се произнесоа дека не претставува конфликт на интереси во однос на функцијата што ја извршувам“, се вели подолу во реакцијата.