Мијалков ги донираше парите од казната на „Фокус“

Директорот на Управата за државна безбедност и контраразузнување, Сашо Мијалков, ги донираше парите кои со пресуда за клевета му ги исплати неделникот „Фокус“, на скопскиот дом за деца без родители „11 Октомври“.

Од Јавната установа „11 октомври“ потврдија дека на нивната банкарска сметка ги примиле парите и тие во име на сите деца згрижени во Домот се заблагодаруваат на хуманоста.

Донирани се сите пари, кои се платени како оштета во судски процес во кој Сашо Мијалков го тужеше неделникот „Фокус“ за навреда и клевета, односно нешто повеќе од 6.000 евра.