Мијалков не дојде на судењето за „Тортура“

Судското рочиште во случајот „Тортура“ се одложи поради отсутство на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, кого  Судот не успеал да го најде на адреса која СЈО ја има во обвинението и на обвинетиот не му била врачена поканата за рочиштето. Во судницата присутни беа шестмината обвинети припадници на полициската единица „Алфа“ и оштетениот Љубе Бошкоски.

Обвинителот на СЈО, Љубомир Лапе, на судот му преложи дека ако не може да го најде Мијалков на таа адреса за да му ја врачи поканата може тоа да го стори секој работен четврток во 12 часот кога Мијалков е задолжен да се пријавува на шалтер  за случајот „Таргет – Тврдина“, а обвинетиот треба да се појави во кривичниот суд и во вторник на рочиштето за истиот предмет.

Адвокатот на Мијалков, Љупчо Шврговски рече дека неговиот клиент живее на нова адреса, под поранешниот хотел „Панорама“, но не ја знае точната адреса, но ќе ја достави во понеделник.

 

Во Кривичниот суд присутен беше и штипјанецот познат во јавноста како Бате Геле кој има тетоважа со Мијалков кого го претставува како свој идол. Бате Геле е осуден на условна казна за нападите во Собранието од 27 април, минатата година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.