Мијалков за Нетпрес: Дипломатски пасош не сум подигнал, ниту употребил

Сеуште не сум ја подигнал, ниту употребил дипломатската патна исправа, која согласно законот и дискрециското право на министерот ми беше доделена од Министерството за надворешни работи, вели во изјава за Нетпрес, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

– Во недостиг од идеи и поддршка од граѓаните сосема очекувано е СДСМ, преку нивните медиуми, фокусот да го стави на црна кампања и напади на лична основа со обиди за дискредитација. За да им се одземе и ова последно оружје и да излезе на виделина нивната беззидејност, одлучив воопшто да не ја подигнувам дипломатската патна исправа и да се откажам од неа, додава Мијалков за Нетпрес.

Понатака тој вели дека „останувам и продолжувам да се борам за интересите на Македонија и на македонскиот народ“.

–  Не сум потклекнал и пред многу посериозни притисоци и закани, па нема ниту сега, вели Мијалков.

Во врска со претстојните предвремени парламентарни избори во земјава, Мијалков вели дека е убеден оти граѓаните во април јасно ќе му порачаат на СДСМшто мислат за нивната деструктивност, исто како што им порачуваа во изминативе 10 години.