Мијалков отштетата од „Фокус“ ќе ја донира во Домот за деца без родители „11 Октомври“

Новинарот Владо Апостолов и уредничката на „Фокус“ Јадранка Костова, ќе мора да ја платат досудената отштета од 6.000 евра, од судскиот процес што го изгубија од Сашо Мијалков, директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, но, наместо на сметката на Мијалков, парите ќе треба да легнат на сметката на Домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје. Вака одлучил Мијалков, а информацијата за „Плусинфо“ ја потврди неговиот адвокат Антонио Апостолски.

– Мијалков нема да ги наплати парите, туку тие ќе бидат наменети за домот „11 Октомври“ – изјави за „Плусинфо“ Апостолски.
Претходно, поединци и Здружението на новинари го повикаа директорот на УБК да се откаже од нематеријалната штета од 6.000 евра.