Мијатовиќ: Казните да не го доведат во опасност плурализмот на медиумите

Претставникот на ОБСЕ за слободата на медиумите, Дуња Мијатовиќ изминативе два дена беше во посета на Македонија и оствари средба со премиерот Никола Груевски, министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивновски како и со претставниците на медиумската фела. Разговарале за неодамна усвоените закони за медиуми, за реформата на јавниот радио дифузен сервис, законодавството за клевета како и кампањата и огласувањето од страна на јавните институции.

„Во однос на неодамна усвоените закони за медиуми, мојата оценка е дека тие се многу добри закони. Експертите од мојата канцеларија имаа одлична соработка со властите при подготовката на овие закони и јас го поздравувам тоа што најголем дел од нашите материјални забелешки беа вградени.Сега влегуваме во многу важна фаза која ќе ни даде можност навистина да го видиме ефектот од спроведувањето на овие закони.Тоа што ќе им даде можност на сите да ги оценат ефектите и да видат дали со ова ќе се подобри состојбата со слободата на медиумите во земјата,“ изјави Мијатовиќ.

Најважната работа, според неa, е да се спроведуваат на начин со кој ќе се промовира медиумската независност, ќе обезбедат плуарализам на мислењето и ќе обезбедат инклузивност, да се слушне гласот на сите засегнати страни.

На состаноците со премиерот Груевски и министерот Ивановски, било покренато прашањето за клевета.

„Го поздравив тоа што Македонија ја декриминализираше клеветатата како една од земјите која е предводник во оваа област. Но, она што денес го имаме е голем број на случаи каде што казните можат да предизвикаат одредени медиуми да се соочат со медимско уништување. Ова е нешто кое мора да се смени и тоа да се смени веднаш. Ова може да го доведе во опасност плурализмот на медиумите и мора да се спречи,“ изјави Мијатовиќ.

Кампањите и огласувањето од страна на јавните органи исто така биле прашања за кои било разговарано, проблемот на дистрибуирање на средствата и недостаток на транспарентност.

„Ова може за некои да создаде проблем за преголема зависност на јавни средства, а за други, област за која е потребна поголема транспарантност и подобрување веднаш,“ потенцираше Мијатовиќ.

Таа изрази загруиженост од средбата со претставниците на медиумската заедница. Изјави дека недостасува поголемо единство кога се работи за прашања кои се однесуваат на медиумската фела, и изрази подготвеност да помогне во формирањето на саморегулирачко тело.

„Има сериозен недостаток на солидарност и единство кога се работи за прашања од заеднички интерес. Не барам и не размислувам за тоа дека мора да се сакате, но мора да најдете заедничка основа да се осврнете на прашањата кои ќе бидат од полза на сите вас. Подготвена сум да помогнам, но единствените кои можат да го решат ова е новинарската заедница во Македонија.Ова мора да се смени и целосно учество на сите, е единствен начин да се подобри опкружувањето на медиумите,“ изјави Мијатовиќ.

Претставничката на ОБСЕ остварила средба и со новинарот Томислав Кежаровски кој се наоѓа во домашен притвор и притоа изрази задоволство што Кежаровски е со неговото семејство, очекувајќи ја пресудата.

Таа најави дека во септември ќе ја организира најголемата конференција во Југоисточна Европа во Скопје, на која ќе учествуваат новинари од поранешните југословенски држави и очекува да се разговара за проблеми кои се важни, да се разменат искуства и да се понудат најдобри практики за прашања кои се заеднички за целиот регион.

„Ние имаме заеднички болести кога се работи за медиумски слободи и можеби е најдобро да се освренеме од едно место и истовреме,“ изјави Мијатовиќ.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.