Мијатовиќ: Судска одлука со која се праќа новинар во затвор е сериозна пречка за слободата на медиумите

Претставникот на ОБСЕ за Слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ, денеска го осуди апсењето на новинарот Томислав Кежаровски и одлуката од две години затвор од страна на Апелациониот суд Скопје.

„Тоа што Кежаровски и понатаму е лишен од слобода е неприфатливо”. Отсекогаш сум ја препознавала и истакнувала важноста на владеењето на правото и на работата на судството, но оваа пресуда и избрзаното апсење од минатата ноќ се многу разочарувачки и тоа е непропорционален одговор”,рече Мијатовиќ. “

По пет месеци притвор, Кежаровски беше осуден во октомври 2013 година за статија која ја напишал во 2008 година за Репортер 92 списание во кое тој, наводно, открил идентитет на сведок во случај на убиство. Оттогаш тој беше во куќен притвор.

Апелација ја намали казната од 4,5 на 2 години затвор, а судот одлучи да го затворат Кежаровски за остатокот на казната. Вечерта на 16 јануари полицијата го приведе Кежаровски од неговиот дом и го одведе во затвор.

„Затворање на новинари за она што тие ќе го кажат или пишуваат е неприфатливо во една демократија. Одлуката да го затворат Кежаровски претставува опасен преседан за слободата на медиумите и истражувачкото новинарство “, рече Мијатовиќ.