Мик Џегер ќе стане татко по осми пат

Мик Џегер на возраст од 72 години ќе стане татко по осми пат.

На фронтменот на „Ролинг Стоунс“ кој веќе има седум деца од претходните  врски ова ќе му биде прво дете од  врската со 29-годишната американска балерина Мелани Хамрик.

Се очекува таа да се породи во јануари 2017-тата година. Портпаролот на Мик ја потврди веста за британскиот таблоид Сан.

mik-2

Инаку медиумите почнаа да пишуваат за врската меѓу Мик и Мелани во јули 2014-тата, кога биле забележани заедно на  балконот на неговиот хотел во Цирих.