Микел: Немоќни против иранскиот автобус

Одличниот играч за врска, Џон Оби Микел ја откри единствената причина поради која репрезентацијата на Нигерија освои само еден бод во дуелот против најголемиот аутсајдер во групата “Ф”, репрезентацијата на Иран.

“Многу сме разочарани. Првиот натпревар во Бразил има најголемо значење. Игравме на победа, но Иран знаеше што сака, играше дефанзивно во сите 90 минути, се бранеа со 11 фудбалери. Не ни дозволија да го наметнеме нашиот стил на игра. Мора да создадеме поголем број на чисти шанси на следниот дуел против репрезентацијата на БиХ. Мора да бидеме посконцентрирани, пофокусирани пред противничкиот гол”, изјави фудбалерот на Челзи.