петок, 21 јули 2017  |  Вести денес: 1

Микл-Лајтнер: Бегалците да остануваат и во другите безбедни земји

Министерката за внатрешни работи на Австрија Јохана Микл – Лајтнер порача денес дека бегалците би требало да останат и во другите безбедни земји и ја поздрави одлуката на Шведска „за построго протерување на бегалците“, пренесува „Танјуг“.

mikl-lajtner-1

Поврзани вести

Министерката за внатрешни работи на Австрија Јохана Микл – Лајтнер порача денес дека бегалците би требало да останат и во другите безбедни земји и ја поздрави одлуката на Шведска „за построго протерување на бегалците“, пренесува „Танјуг“.

Добро е тоа што Шведска сега врши притисок во оваа област. Тоа се важни, јаки сигнали, смета таа.

Микл – Лајтнер за виенски „Курир“ изјави дека Австрија веќе сега делува позаострено по прашањето за протерување.

Така во текот на минатата година, според нејзините зборови, биле протерани повеќе од 8.300 лица што е над годишниот просек што Шведска си го постави.

Таа нагласи дека со протерувањето неможе да се исправи, дополнително, политиката на отворени граници. Таа појасни дека поголемиот дел од барателите на азил доаѓаат од земји зафатени со војна и тоа преклу безбедни држави.

Микл-Лајтнер: Бегалците да остануваат и во другите безбедни земји

Микл-Лајтнер: Бегалците да остануваат и во другите безбедни земји

Мора да преземеме се за толку голем број бегалци да не стасаат до нас, туку да изберат и некои други безбедни земји, укажа таа.

Микл-Лајтнер изрази уверување дека Австрија преку мерките за заострување, како што е ограничувањето на прифачањето на бегалците и азилот на одредено време, преземала мерки во тој правец.

Голем број земји сега одат по истиот пат. Имаме домино ефект на разумот, подвлече таа.

Инаку во текот на минатата година, според податоците на Министерството, секој 12-ти ден било организирано протерување со автобус или авион.

Вкупно 8.365 баратели на азил морале да ја напуштат Австрија од кои 5.087 тоа го направиле добвроволно, а 3.278 присилно. Меѓу протераните најголем дел биле од Косово, Ирак, Русија и Авганистан.

Најчитани вести