петок, 26 мај 2017  |  Вести денес: 0

Микл-Лајтнер: Грција треба да биде времено исклучена од Шенген зоната

Тоа дека турско-грчката граница е невозможно да се контролира, претставува мит, истакна Лајтнер.

lajtner

Поврзани вести

Грција треба да биде исклучена од шенген зоната доколку не ги исполнува обврските за обезбедување на надворешните граници на ЕУ од приливот на мигранти, изјави австриската министерка за внатрешни работи Јохана Микл-Лајтнер во интервју за германскиот весник „Велт ам зонтаг“.

Ако Владата во Атина веќе не започне да презема мерки за безбедност на надворешните граници, тогаш треба отворено да се зборува за времено исклучување на Грција од Шенген зоната. Тоа дека турско-грчката граница е невозможно да се контролира, претставува мит, истакна Лајтнер.

Истовремено, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер повика на одржување вонредна средба на врвот со Турција во врска со мигрантите, најдоцна до почетокот на следниот месец.

Според податоци на Фронтекс, вкупниот број на нелегални мигранти, кои минатата година пристигнале во Европа, надминува 1,2 милиони лица.

Најчитани вести