петок, 21 јули 2017  |  Вести денес: 48

Микл-Лајтнер: Се уште не е решен проблемот со бегалците

Министерката за внатрешни работи на Австрија Јохана Микл-Лајтнер истакнува дека по договорот на Европската унија со Турција, се уште не се решени проблемите со бегалците и дека сега се зависи од примената на договорот.

mikl-lajtner-1

Поврзани вести

Министерката за внатрешни работи на Австрија Јохана Микл-Лајтнер истакнува дека по договорот на Европската унија со Турција, се уште не се решени проблемите со бегалците и дека сега се зависи од примената на договорот.

Во изјава за виенски Естерај, таа вели дека досега се донесени многу одлуки и оти е битна конкретната примена. Подготовките за воведување нови гранични контроли во Австрија се вршат и понатаму, изјави таа.

Се уште не е завршено. Никој денес не може да каже колку е одржлив договорот, а пред се тој се однесува само на балкатнската рута. Ако е потребно ќе ги прошириме контролите и на други премини, објасни Микл-Лајтнер.

Таа порача дека Анкара не смее да го погазува основните права во Турција, како што е слободата на медиумите, и за тоа ќе биде наградена со специјален третман за прашањето за визна либерализација.

Министерката истакна дека по договорот со Турција нејзините ставови за бегалската криза се потврдени.

Пред половина година бевме критикувани кога реков дека мора да работиме на изградба на тврдина од Европа. Сега сите 28 држави членки тоа и го прават, и тоа е добро, констатираше таа.

Најчитани вести