Микл-Лајтнер: Македонија придонесе многу повеќе за стабилноста на ЕУ отколку одделни држави-членки

Министерката за внатрешни работи на Австрија Јохана Микл-Лајтнер ја пофали македонската Влада за нејзиното дејствување во однос на бегалската криза.

Македонија досега придонесе многу повеќе за стабилноста на Европа отколку одделни држави-членки на Европската унија, изјави таа.

По повод обидот на бегалците илегално да влезат во Македонија, Микл-Лајтнер истакна дека одговорноста за тие драматични сцени ја сносат оние кои кај луѓето сместени во Идомени поттикнале лажни очекувања.

Таа на бегалците им советува да останат во Грција, пренесува МИА, повикувајќи се на Танјуг.

Кој им посакува добро на луѓето во кампот, треба да ги посоветува да прифатат храна и сместување на топло. Наместо тоа им се сигнализира дека е можно, на своја рака, да појдат на пат кон посакуваната дестинација. Тоа е неодговорно и мора најостро да се осуди, потенцира австриската министерка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.