Миков избран за нов лидер на бугарските социјалисти

Претседателот на Народното собрание на Бугарија, Михаил Миков синоќа е избран за нов лидер на владејачката Бугарска социјалистичка партија (БСП).

Во вториот круг на гласање на Конгрсот на БСП во Софија, за изборот на Миков гласаа 377 делегати, додека за неговиот противкандидат, бугарскиот министер за економија и енергетика Драгомир Стојнев се изјазнија 333 делагати.

Како што јави БТА, по објавувањето на резултатите Миков им се заблагодари на сите членови и симпатизери на партијата, кои, како што рече, во „тешките 24 години“ биле со БСП.

– Ќе биде тешко, но заедно со вас ќе оствариме резултат достоен за една 120-годишна партија, која најискрено и автентично ги штити интересите на мнозинството бугарски граѓани, рече Миков во обраќањето по неговиот избор за лидер на социјалситите.

Стојнев, од своја страна, нагласи дека партијата останува единствена и дека сите ќе застанат зад новиот лидер, бидејќи е важно „БСП да работи на создавање социјална држава како што вети“.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.