Мила Кунис и Ештон Качер тајно се венчале

Мила Кунис и Ештон Качер тајно се венчале

Мила и Ештон Качер  конечно својата врска ја крунисаа со брак, пренесуваат светските медиуми. Магазинот „Пипл“ тврди дека двојката се венчала изминатиот викенд на тајна церемонија.

– Сите детали за церемонијата беа држани во тајност, а гостите беа информирани помалку од 24 часа пред венчавката. Тоа беше мала и интимна венчавка со пријателите и семејството – рекол извор.

Претходно се шпекулираше дека Мила и Ештон се венчале пред неколку месеци, откако Мила беше забележана со прстен кој потсетува на бурма. Во текот на гостувањето во една емисија во март, водителот ја прашал актерката дали веќе станале сопруг и сопруга, на што таа одговорила: „Можеби“.

Ештон ја запроси Мила во февруари 2014 година, а во октомври ја добија ќерката Вајат Изабел. Тие двајца почнале да се забавуваат во април 2012 година, но се запознале многу порано, на снимањето на серијата „Весели седумдесетти“, која се прикажуваше од 1998 до 2006 година.