Миладиновци ќе добие нова амбуланта

Општина Илинден во соработка со Министерството за здравство и ЗЗМД – Здравствен дом Скопје, почна со активности за реализаирање на проектот „Изгрaдба на нова Јавна здравствена установа – Амбуланта во населено место Миладиновци“.

За таа цел Oпштината распиша отворен повик за изработка на Основен проект и ревизија за изградба на објектот Јавна здравствена установа–Амбуланта во населено место Миладиновци, каде што ќе се инкорпорираат и почитуваат сите важечки законски одредби, прописи и стандарди за градба на ваков објект од областа на здравството.

Локацијата на новата амбуланта ќе се наоѓа на местото на постоечката амбуланта која што е во многу лоша состојба и не ги задоволува потребите на граѓаните.

Со изградбата на новата амбуланта во Миладиновци, ќе се овозможат квалитетни услови за граѓаните, не само од населеното место Миладиновци, туку и на граѓаните од населните места Бујковци, Мршевци, Бучинци,Текија и Дељадровци, кои ќе можат да добијат квалитетни здравствени услуги.

Рок за поднесување на понудите е 4.12.2014 година.