Спорт

Милан доби нов сопственик

Милан доби нов сопственик

„Скај Спорт Италија“ доцна синоќа пренесе дека Силвио Берлускони и тајландскиот магнат Бу Таечбол пронашле заеднички јазик, а тоа значи дека „Росонерите“ добиваат нов сопственик.

Во текот на денешниот ден се очекува зделката да биде официјализирана. Според договорот, Тајландскиот милијардер би откупил 51 проценти од акциите, додека останатите 49 би останале во сопственост на Берлускони, но предвидена е и нивна продажба на берзата во период од една година.

Како што стојат работите, најголем интерес за купување на овие акции има од владата на Хонг Конг.

Нивната продажба ќе биде од голема важност бидејќи моменталниот долг на Милан изнесува 250 милиони евра, а овој износ не е вклучен во цената која Теачубол ја плаќа за купување на клубот.

Вредноста на Милан е проценета на околу 950 милиони евра.

Според информациите до кои дојде „Скај“ Милан во претстојниот преоден рок ќе има на располагање помеѓу 70 и 100 милиони евра за засилувања, а Лучијано Спалети се спомнува како нов тренер.