Спорт

Милан добива нов сопственик

Милан добива нов сопственик

Италијанскиот весник “Република” јави дека неименувана група инвеститори од Тајланд е заинтересирана за купување на фудбалскиот клуб Милан.

Според информациите, веќе е потпишан преддоговор, а тајландските инвеститори на Берлускони ќе му искешираат една милијарда евра.

Името на конзорциумот се држи во тајност, а преземањето би требало да се одвива во етапи, така што прво ќе бидат откупени 30 проценти од акциите за 300 милиони евра, а останатиот дел ќе биде исплатен до крајот на годината.

Доколку овие тврдења на весникот се покажат како вистините, тоа ќе значи крај на ерата на Берлускони во Милан, кој клубот од “Сан Сиро” го купи во 1986. година.

Во клубот, по се изгледа, ќе остане неговата ќерка Барбара, која ќе биде задолжена за маркетингот, а се претпоставува дека новите сопственици ќе му се заблагодарат на Адријано Галијани и ќе именуваат ново раководство.

Нивните планови се бришење на долговите на Милан, изградба на нов стадион и сериозно засилување на тимот, кој во овој момент е далеку од европскиот врв.