Милан домаќин на Лацио, Јуве фаворит во Верона

Познат е распоредот за новата сезона од италијанската Серија А, кој ќе стартува на 30 август и во кој улогата на прв фаворит повторно ќе му биде доделена на актуелниот бранител на тронот, тимот на Јувентус.

Веќе на стартот од новата сезона, фудбалските фанови ќе добијат шанса да уживаат во дерби пресметката помеѓу екипите на Милан и Лацио, а голема неизвесност се очекува и на “Олимпико” каде домашниот тим на Рома ќе се обиде да забележи триумф во дуелот против секогаш незгодната екипа на Фиорентина.
Бранителот на тронот, екипата на Јувентус важи за апсолутен фаворит во дуелот против екипата на Киево, додека тимот на Горан Пандев, Наполи, го очекува незгодно гостување во Џенова.
Дерби натпревар ќе имаме и во третото првенствено коло, во кое Милан му е домаќин на Јувентус.
Двојки за прво коло: Аталанта – Верона, Чезена – Парма, Киево – Јувентус, Џенова – Наполи, Милан – Лацио, Палермо – Сампдорија, Рома – Фиорентина, Сасуоло – Калјари, Торино – Интер, Удинезе – Емполи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.