Милан е мало дете за Манчестер Сити

Актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити ја запиша премиерната победа на Интернационалниот Гунис Куп во САД, откако со убедливи 5:1 го победи и го понижи италијанскиот калчо гигант Милан.
Два погодока на натпреварот постигна црногорскиот интернационалец Стеван Јоветиќ, а во листата на стрелци се запишаа и Скот Синклер, Хесус Навас и Ихеаначо.
Почесниот погодок за Милан беше дело на репрезентативецот на Гана, Сули Мунтари.
Вториот натпревар во групата “Б”, дуелот помеѓу екипите на Ливерпул и Олимпијакос, заврши со минимален триумф на “црвените” од “Енфилд”, а единствениот погодок на натпреварот беше дело на Рихам Стирлинг.