Милан финишира со транзиционата етапа

Паоло Берлускони, братот на далеку попознатиот сопственик на италијанскиот калчо гигант Милан, Силвио Берлускони, испрати јасна порака до најверните фанови дека истите мораат да имаат поголемо трпение поради фактот дека клубот поминува низ една транзициона етапа.

„Точно дека низ целата сезона Милан има многу големи проблеми, но најверните фанови мора да сватат дека клубот поминува низ една транзициона етапа. Сите во клубот работат на новиот буџет, на буџетот за новата сезона иако и овој тим е доволно добар и финансиски моќен. Јас сум убеден дека донесовме одлична одлука кога ја прекинавме соработката со Масимилиано Алегри. Моравме да ставиме крај на тој циклус, а фудбалерите беа многу уморни. Кларенс донесе нешто ново, но е невозможно тие промени да донесат некаков резултат после само две недели. Сите сме сведоци дека во Милано дува некој нов ветер”, изјави Паоло Берлускони.