Милан го допре дното, Ибраими не му помогна на Калјари

Уште еден срамен пораз, но сега на “Сан Сиро” и од одличниот тим на Парма, доживеа најголемото разочарување во италијанската Серија А, екипата на Милан.

Вината за новиот пораз, домаќинот може да ја побара и во несмасната интервенција на првиот голман, Кристијан Абиати, кој уште во 5 минута од натпреварот заработи директен црвен картон.

Големи три бода на своето конто запишаа фудбалерите на Лацио кои одиграа одлично во сите 90 минути и сосема заслужено забележаа сигурен триумф од 2:0 на гостувањето во Калјари.

Шанса да ги одигра вторите 45 минути од натпреварот доби репрезентативецот на Македонија, Агим Ибраими.

Резултати: Аталанта – Сампдорија 3-0, Милан – Парма 2-3, Калјари – Лацио 0-2, Сасуоло – Катанија 3-1, Ливорно – Болоња 2-1.