Милан го порази Каљари

Екипата на Милан го совлада Каљари со 3:1, а херој на мечот беше Жереми Менез кој постигна два гола.

Французинот беше прецизен во 21-та и 78-та минута од пенал, а еден гол постигна и Филип Мексес во 49-тата минута на асистенција на Менез. Единствениот гол за Каљари беше дело на Диего Фаријас во 47-та минута.

Милан со оваа победа скокна на седмото место, каде ќе остане барем до комплетирањето на колото, додека остана во опасната зона за испаѓање.

Меѓутоа, вреди да се напомене дека на овој натпревар „Сан Сиро“ речиси беше празен. Немаше навивачи на делот од трибината каде секогаш се сместени најверните фанови. Тие го исполнија ветувањето дека ќе го бојкотираат овој натпревар поради лошите игри и резултати на нивниот тим.