Милан го продава Монтоливо и го купува Пасторе

Моментално, третопласираниот тим во шпанската Примера дивизион, Атлетико (М), доби голема конкуренција во најголемите ривали од германската Бундес лига, Баерн (М) и Борусија од Дортмунд кога е во прашање потписот на стандардниот првотимец во дресот на италијанскиот калчо гигант Милан, Рикардо Монтоливо.

Одличниот играч за врска има статус на стандарден првотимец, но излезната врата од “Сан Сиро” може да стане реалност за репрезентативецот на Италија, доколку понудата на заинтересираниот клуб не биде помала од 25 милиони евра.

Парите кои Милан може да ги заработи од продажбата на Монтоливо, најверојатно ќе бидат искористени за да се осигураат услугите на аргентинскиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, Хавиер Пасторе.