Милан и Челзи се договорија за Торес

Според италијанскиот весник „Кориере дело Спорт“ Милан и Челзи се договориле за напаѓачот Фернандо Торес.

Шпанскиот репрезентативец Фернандо Торес е нов играч на Милан, барем така тврди италијанскиот весник „Кориере дело Спорт“, кој на својата насловна страница овјави дека Милан и Челзи се договориле за трансфер на овој играч на „Сан Сиро“.

Наводно Фернандо Торес се согласил на тригодишен договор, а останува уште да го стави својот потпис на хартија.

За услугите на Торес сериозно е заинтересирана и Рома.