Милан и Лацио без голови во првиот полуфинален дуел

Во првиот меч од полуфиналниот двомеч во италијанскиот фудбалски куп Милан и Лацио на миланскиот стадион „Сан Сиро“ во средата вечерта одиграа без голови, а финалистот ќе биде познат по реваншот закажан за 28-ми февруари на римски „Олимпико“

Поранешните италијански шампиони одиграа многу скромен натпревар без многу вистински шанси за постигнување погодок, а најдобрата ја имаше Милан во 75 минута но Хакан Чалхонглу од седум-осум метри ги префрли празниот гол на Лацио.

Во вториот полуфинален дуел Јувентус во вторникот како гостин во Бергамо со 1:0 ја совлада Аталанта. Стрелец на единствениот погодок беше Гонзало Игуаин уште во 3 минута. Домашните во 25 минута имаа голема шанса да израмнат, но пеналот на Алехандро Гомез го одбрани ветеранот на голот на „Старата дама“, Џанлуиџи Буфон.

Севкупните победници од полуфиналните соочувања ќе се сретнат во финалето коешто ќе се одигра на 9-ти мај во Рим.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.