Милан Калиниќ остана без возачката дозвола

На српскиот водител Милан Калиниќ му е одземена возачката дозвола поради сообраќајната несреќа што ја предизвика кај селото Дупци, кога се судри со друг автомобил во кој се превезувале унгарски државјани, јавува српски „Курир“.

Истражниот судија кој го води процесот одлучил водителот неколку месеци да не смее да управува со автомобил, додека не се заврши случајот.

kalinikj_2

Со оглед на тоа што неодамна против него била поднесена кривична пријава поради постоење на основано сомнение дека направил кривично дело против безбедноста во јавниот сообраќај, Калиниќ во иднина ќе мора да апстинира од воланот.

Српски „Курир“ повикувајќи се на сопствени извори пишува дека водителот не молел и не се обидел да ги спречи властите да му ги одземат документите затоа што е свесен за последиците. Тој ангажирал неколку пријатели и соработници да му бидат при рака доколку му притреба превоз.

Инаку, Калиниќ секојдневно се слуша со повредените Унгарци и со нивните лекари и понатаму жали поради сообраќајната несреќа.

фото: kurir.rs

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.