Милан Калиниќ предизвикал тешка сообраќајна несреќа

На патот кон Копаоник, познатиот водител Милан Калиниќ со својот џип премина во спротивната лента поради неприлагодена брзина и предизивика сообраќајна несреќа, пишува српски „Курир“.

Како што пишува „Курир“, повикувајќи се на сопствени неофицијални информации, водителот Милан Калиниќ поради неприлагодена брзина на џипот, предизвикал сообраќајна несреќа во која се повредени унгарски државјани.

Утринава околу 11.40 часот, кај местото Дупци, на патот кон Копаоник, познатиот водител Милан Калиниќ поминал во спротивната лента од патот.

Водителот во автомобилот бил заедно со сопругата и двете деца, додека во другиот автомобил се наоѓале државјани на Унгарија. Возачот и неговата сопруга која што седела на совозачкото седиште, се потешко повредени, додека синот и снаата поминале со полесни повреди.

фото: kurir.rs