Милан ќе добие нов сопственик

До крајот на неделата италијанскиот калчолигаш Милан, би можел да добие нов сопственик. Според информациите на италијанските медиуми, најсериозен кандидат за нов сопственик на клубот е тајландскиот бизнисмен Би Таечбол.

Во разговор со медиумите од Апенините, тој открил дека до крајот на оваа недела ќе допатува во Милано за да ги потпише договорите.

-Во недела, 26. април, ќе бидам во Милано за да ставам потпис на документите и да ја комплетирам зделката, изјави бизнисменот за  Ла Република .

Се говори дека Би Таечобол најпрво ќе купи помеѓу 20 и 30 отсто од акциите, а до крајот на годината ќе се здобие со мнозински пакет од 65%.

Доколку дојде до реализација на ваквите најави, Милан ќе добие нов сопственик за прв пат по 1986 година од кога Силвио Берлускони го презема клубот.