Милан ќе продаде еден Марио и ќе купи нов Марио

Италијанските медиуми се убедени дека раководните лица на седумкратниот европски клупски шампион Милан, ја започнале потрагата по новиот напаѓач кој ќе пристигне на „Сан Сиро”, доколку клубот, за време на летниот преоден рок се ослободи од услугите на контроверзниот напаѓач, Марио Балотели.

Репрезентативецот на Италија постојано е во центарот на фудбалското внимание поради можниот кам-бек во англиската Премиер лига, а таквата информација е надополнета со шпекулацијата дека Балотели важи за голема желба на раководните лица на Ливерпул, Арсенал и Челзи.

Сензационалниот трансфер може да стане реалност само доколку заинтересираниот клуб испрати официјална понуда не помала од 30 милиони фунти, а парите кои ќе бидат заработени од продажбата на контроверзниот напаѓач ќе бидат искористени за да се осигураат услугите на хрватскиот интернационалец од редовите на старо-новиот шампион на Германија, тимот на Баерн (М), Марио Манџукиќ.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.