Милан продолжува да „тоне“ – елиминиран и во Купот на Италија

Иако фудбалерите и навивачите деновиве јавно изразија поддршка за тренерот на Милан, Филипо Инзаги, сепак се чини дека популарниот “Пипо” нема да се спаси од отказ.

Милан и вечерва беше поразен од Лацио, што е втор пораз од римскиот тим за само 3 дена.

“Росонерите” загубија на домашен терен со 0:1, натпревар кој се играше во рамките на италијанскиот куп. Стрелец на единствениот гол беше Лукас Билиа од пенал.

Милан целото второ полувреме го играше и со играч повеќе, откако беше исклучен албанскиот репрезентативец Лорик Цана, но и тоа не им помогна на очајните домашни фудбалери.

Инаку раководството на Милан се зафати со сериозна работа кога се во прашање трансферите, па по Черчи и Сусо, кои веќе пристигнаа на Сан Сиро, се очекува во наредните два-три дена да пристигнат и Матија Дестро од Рома и Салваторе Бокети од Спартак Москва.

destro

Тие ќе му бидат позајмени на италијанскиот клуб, а Берлускони и Галијани на лето ќе можат целосно да ги откупат нивните договори.