Милан продолжува со формата “топло-ладно”

Тимот на Милан синоќа доживеа кошмар на “Сан Сиро” откако беше совладан од просечниот Палермо со 0:2.

Тимот на Палермо одигра мудро, едноставно, знаеше што сака од овој натпревар, за разлика од Миланезите кои освен некој индивидуален блесок на поедини играчи, не сторија ама баш ништо. Палермо поведе со автоголот на Кристијан Запата во 25-та минута, а три минути подоцна гол постигна и Диабала со што уште во првиот дел беше поставен конечниот резултат.

Иако на чело со Инзаги, за “росонерите” се најавуваа подобри денови, тимот од Милано никако неможе да најде една конзистентност кога се во прашање натпреварите во Серие А, па затоа и после првите десет одиграни кола заостанува цели девет бода зад првопласираниот Јувентус.