Милан се поблиску до Лига Европа

Нова победа, четврта во низа, запишаа фудбалерите на Милан кои не дозволија никакво изненадување на “Сан Сиро” и сосема заслужно со минимални 1:0 го победија фенерџијата на првенствената табела, тимот на Катанија.

Новите три бода се освоени балгодарение на прекрасниот погодок кој капитенот на “росонерите”, Рикардо Монтоливо го постигна во 23. минута од натпреварот.

Милан и понатаму е во игра за едно од двете места кои водат во групната фаза од Лигата на Европа, додека Катанија е се поблиску до најмалку посакуваното збогување со елитното друштво.

Најинтересниот неделен натпревар од 33. коло во италијанската Серија А, дуелот на “Сан Паоло” помеѓу екипите на Наполи и Лацио заврши со сигурен триумф на “азурите” од 4:2.

Три погодока постигна аргентинскиот интернационалец Гонзало Игуаин, а поранешниот репрезентативец на Македонија, Горан Пандев ги осигра сите 90 минути.

Резултати: Болоња – Парма 1:1, Ливорно – Киево 2:4, Наполи – Лацио 4:2, Сампдорија – Интер 0:4, Торино – Џенова 2:1, Верона – Фиорентина 3:5, Милан – Катанија 1:0.