Милан тера по старо, дерби во Неапол

Нов минимален пораз, но сега на гостувањето во Удине, доживеа најголемото разочарување во новата сезона од италијанската Серија А, тимот на Милан.

Единствениот погодок на натпреварот, постигнат во 67 минута беше дело на легендарниот капитен на Удинезе, Антонио ди Натале.

Два погодока, по еден во двете мрежи, беа постигнати на вториот саботен натпревар од 27. коло, дуелот на Сицилија помеѓу екипите на Катанија и Калјари.

Иако одигра маестрално на претходниот натпревар, репрезентативецот на Македонија, Агим Ибраими, дуелот против Катанија го преседе на клупата за резервни фудбалери.

Неделните натпревари ќе поминат во знакот на дерби пресметката помеѓу директните ривали за втората позиција на табелата, Наполи и Рома.

Според последните информации кои пристигнуваат од Италија, поранешниот репрезентативец на Македонија, Горан Пандев најверојатно и овој натпревар ќе го започне од клупата за резервни фудбалери.

Денеска на програмата: Јувентус – Фиорентина, Болоња – Сасуоло, Киево – Џенова, Интер – Торино, Лацио – Аталанта, Парма – Верона, Сампдорија – Ливорно, Наполи – Рома.