Милан Звер: Во Македонија треба да се одржат нови избори

Словенечкиот европратеник Милан Звер вели дека решение за политичката криза во Македонија се спроведување на нови изботи. Звер во изјава за Канал 5 вели дека доколку партија која освоила најмногу гласови на изборите не може да формира влада тогаш треба да се распишат нови.

-­Мислам дека целата енергија треба да биде насочена да се формира влада меѓу партиите кои се победници на изборите. Да формираат влада, кога беше влада на Груевски тогаш имаше стабилност, сега се покажува нешто друго иако мислам дека тоа нема да придонесе за стабилност во регионот. Јас мислам дека тоа може да биде решение. Ако партијата која победила не може да формира влада, тогаш треба да се одржат нови избори, вели Звер за Канал 5.

Според европратеникот влада која би ја предводела СДСМ нема да донесе сигурност на државата но и на регионот. Звер смета дека ЕУ и САД во последниот период не превзеле најдбри чекори во земјава. Односно дека повеќе одмогнале за решавање на кризата.

-Се прави голема грешка наместо Европската Унија и САД помогнат да се формира силна влада, мислам дека отежнуваат отколку што помагаат. Европската унија и Словенија, заинтересирани се да постои силна влада не само поради мигрантската криза туку воопшто. Јас не разбирам зошто ЕУ и САД дозволуваат да се случува ова во Македонија, вели Звер.

Европратеникот најавува итни чекори кои голем дел од неговите колеги во Брисел ќе ги превземат со цел да се стави крај на неизвесноста во Македонија.