Милановиќ: „Сакавме да ја отвориме границата, ама сега нема!“

Милановиќ: „Сакавме да ја отвориме границата, ама сега нема“
Милановиќ: „Сакавме да ја отвориме границата, ама сега нема“

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ навел дека „ваков вид на манипулација може да помине во Белград, но не во Загреб и во Брисел“, како и дека Хрватска има одговор.

Милановиќ во Брисел изјавил дека контрамерките кои ги вовела Србија кон Хрватска се смешни и најави ескалација на спорот.

„Жал ми е поради ова, но овие мерки се смешни“, изјавил Милановиќ по маратонскиот самит на лидери на ЕУ во Брисел.

Тој повторил дека очекувал Србија да почне да праќа бегалци на границата со Унгарија, а не оррганизирано сите да ги праќа во Хрватска.

Тој неведува дека е отворен за разговори и дека тоа не е фраза, но повторил дека очекува Србија да не ја оптоварува Хрватска и дел од бегалците да ги испраќа на границата кон Унгарија.

На прашањето дали ќе ја отвори границата, вели дека нема, иако тоа било планирано за утринава.

Освен тоа, Милановиќ истакнал дека Загреб веќе има одговор кој ќе го објави министерот за внатрешни работи, Ранко Остојиќ.

„Ние ќе имаме мала штета, а тие голема. Нема да има насилство и војна, да се разбереме. Се  е мирно. Но, ова не е нормално однесување“, рекол Милановиќ.

Откако Србија воведе забрана за влез на хрватската роба, Хрватска забрани српски граѓани и автомобили да влегуваат на нејзина територија, јави Танјуг повикувајќи се на српската гранична полиција на преминот Батровци.

Откако  на полноќ почнаа контрамерките на српската Влада спрема Хрватска, во државата не се дозволува влез на лица со српски пасоши. Автомобили и автобуси со српски регистрации се вратени од границата кај Бајаково во Србија.

На полноќ истече рокот кој Србија и го даде на Хрватска да ја отвори границата.