Милановиќ: Нема да дозволам референдум за кирилицата

Премиерот на Хрватска, Зоран Милановиќ изјавил дека нема да има референдум за кирилицата и дека Владата во Загреб ќе ја преземе одговорноста да не се спроведе истиот.

„Ваков вид на однесување не допуштам. Тоа се некои од основните вредности на кои ова друштво и држава почива и тоа нема да го дозволиме“, изјавил Милановиќ пред хрватските медиуми.

Премиерот додал дека не се работи за никаква диктатура што некои ја спомнуваат, туку се работи за одбрана на темелите на кои почива демократијата.

Тој нагласил дека нема да дозволи одреден број на лица во земјата, поради постоење на „уставна дупка“ да го злоупотребат институтот референдум.

„Формално правно, тоа е исправно, но политички, Собранието и владејачката коалиција ќе се спротистават на тоа. Се работи за прашање на цивилизациски опстанок на Хрватска“, истакнал премиерот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.