Миланско рижото и слатки тркалца

За денешниот ручек се одлучивме за малку италијанска храна поточно Миланско рижото, а за десерт слатки  тркалца.

Состојки

400 гр ориз

1 главица кромид

100 гр путер

1,5 л вода

1 коцки за пилешка супа

2 лажици суви зачини

150 мл вино

1 лажица шафран во прав

50 гр рендан пармезан

Подготовка

Во зовриена вода ставете ја коцката за супа и гответе околу пет минути. На загреаниот путер кратко пропржете исчекан кромид и помалку додавајте од супата. Додадете исчистен ориз, кратко пропржете и постепено додавајте од супата со непрекинато мешање. Пред крај додадете вино, зачини и шафран, а потоа пармезан.

slatki-kotaci-da70d93d2def04e510f5b15b98e52a7a_header

Слатки тркалца

Состојки

За бисквитот

120 гр шеќер

6 јајца

120 гр пченичко остро брашно

Лимонова кора

20 гр какао

За крем

200 гр путер

200 гр шеќер во прав

2 жолчки

2 лажици рум

60 гр чоколадо

 За белиот фил

1 белка

200 гр шеќер во прав

1 лажица лимонов сок

Подготовка

Смесата од шеќер и жолчки, на кои сте и’ додале изрендана кора од лимон, добро пенасто изматете и полека додавајте брашно и цврсто изматен шлаг од белки.

Во половина од тестото додадете какао, а другта половина нека остане жолта. Секој дел испечете го посебно во тава (40х30 см) околу 10 минути.

Испечените листови тесто ставете ги на навлажнета кујнска крпа и секој посебно завиткајте го. Подоцна изладените бисквитни листови намачкајте ги со кремот и тоа жолтиот со чоколадниот крем, а темниот со белиот.

За кремот пенасто изматете го путерот и шеќерот, а потоа додајте ги жолчките и румот. Во половина од добиената крема додаете растопена чоколада.

За белиот фил шеќерот во прав ставете го во мало тенџере и додајте ги белките за да добиете густа течна смеса. Мешајте доволно долго за да стане целосно иста и бела односно околу пет минути. На крајот додајте лимонов сок.

Тестата ставете ги едно на друго, свиткајте ги во ролат и прелијте со белиот фил.

Пријатен апетит!

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.