Милчин се повлекува од СОРОС, во опозицијата битка за неговата функција

Финансиерот и еден од главните подржувачи на опозициската СДСМ, Владимир Милчин се повлекува од македонскиот огранок на СОРОС, објави „Алфа ТВ“.

Милчин ја потврдил веста за телевизијата и одговорил дека е очигледна причината за неговото повлекување – односно неговата возраст, речиси 68 години и дека според него дошло време за пишување на мемоари. Тој оваа функцијата ќе ја извршува до 30 јуни.

Според информациите на Алфа, во опозициските редови во моментов се води вистинска битка кој ќе го заземе директорското место во СОРОС, фонадција во Македонија која годишно има на располагање милиони евра. Во битката за оваа престижна функција, според информации на телевизијата, влезени се Сашо Ордановски, Лидија Димова и Слаѓана Тасева, сите луѓе кои се директно поврзани со СДСМ. Од нив, само Ордановски потврдил дека зака да биде директор на СОРОС Македонија и дека неговата кандидатура е официјализирана.