петок, 31 март 2017  |  Вести денес: 0

Миле Станојков: Не сум фантомски гласач, срамота е што прави СДСМ

Не сум фантомски гласач, јас сум човек од крв и месо. Живеам во Каратманово, но триесет години имам лична карта во која стои дека место на живеење ми е улицата „Мирка Гинова“ бр 16 во Велес, вели Миле Станојков, кој од СДСМ Велес беше посочен какао „фантомски гласач“, пренесува „Курир“.

stanojkov-mile

Поврзани вести

Не сум фантомски гласач, јас сум човек од крв и месо. Живеам во Каратманово,  но триесет години имам лична карта во која стои дека место на живеење ми е улицата „Мирка Гинова“ бр 16 во Велес, вели  Миле Станојков, кој од СДСМ Велес беше посочен какао „фантомски гласач“, пренесува „Курир“.

Станојков вели дека во изминатите 30 години со лична карта е на улицата „Мирка Гинова“, а тоа го направил бидејќи во минатото за работното место во транс Велес му било барано жителство во градот.

Велешанецот Миле додава дека неколку пати се обидувал да ја промени адресата на живеење, но причините поради кои не успеал биле административни. Тој додава дека неговото семејство чувствува немир откако СДСМ  во медиумите ја пласираше информацијата за фантомски гласачи.

Ние не сме фантомски гласови, ние само гласаме во градот Велес. Порано во хигиенски, а сега во школото  „Блаже Конески“ со моето  семејството, така да јас на друго место не можам да гласам, вели Станојков.

Станојкови  велат  дека СДСМ со овој случај имаат една единствена цел, да го оцрнат нивниот и образот на пратеникот Коџабашиев.

Јас мислам дека СДСМ на Ѓорги Коџабашиев сакаат да му го оцрнат образот, но  и да го омаловажат, но истото го прават на мене и моето семејство, ова е голем срам и брука од нивна страна. Со таква стратегија не се постигнува ништо, мислам дека ова што тие го прават не е убаво, додава Станојков.

Пред два дена огранокот на СДСМ во Велес на прес конференција обвини дека на адреса на која живее и пратеникот Ѓорги Коџабашиев постојат шест фантомски гласачи.

Најчитани вести