сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 24

Миле Стојановски го фати светиот крст во Тетово

Миле Стојановски од тетовската населба Поток беше најуспешен од тројцата верници и го извади Светиот крст од базенот во дворот на соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ при денешното одбележување на празникот Богојавление – Водици во Тетово.

bitola-vodici500

Поврзани вести

Миле Стојановски од тетовската населба Поток беше најуспешен од тројцата верници и го извади Светиот крст од базенот во дворот на соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ при денешното одбележување на празникот Богојавление – Водици во Тетово.

По втор пат скокам по крстот и пред 10-ина години и сега успеав да го фатам и многу сум среќен поради тоа. Посакувам Господ да даде здравје, а на сите верници се најдобро, рече Стојановски.

Претходно митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф отслужи Света божествена архиерејска литургија и ги освети водите во базенот, а потоа беа пресечени кумските колачи.

Освен во црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Тетово, празникот Водици се одбележува и во скоро сите села од Тетовско со фрлање на крстот во базените во црковните дворови и во реките што минуваат низ регионот.

Најчитани вести