Милениумскиот крст блесна со ново осветлување

Милениумскиот крст од вечерва ќе блесне со ново осветлување. 280 лед светилки со најсовремена технологија, ќе му дадат нов естетски изглед на овој објектот, изграден уште во 2000 –та година, и кој е претпознатлив симбол на македонската претстолнина.

Новиот систем за осветлување на Миелниумскиот крст, кој чини 15 милиони денари (198.000 евра)  е донација од компанијата „Балкан енерџи груп“ и Леонид Лебедев, член на Советот на Федералното Собрание на Руската Федерација.

Замената на осветлувањето и реконструкцијата на металната реконструкција на крстот, проект на Јавното сообраќајно претријатие кое стопанисува со објектот, почна во септември минатата година.

Новиот систем за осветлување е базиран на современо енергетско штедливи технологии, со што ќе се намалат трошоците за стуја. Годишните трошоци за техничкото одржување на комплексот за осветлување ќе се намалат за 1500 евра, а вкупната годишна заштеда на пари неопходни за експлоатацијата на системот за осветлување ќе изнесува 7100 евра. Рокот на експлоатација на новиот систем за осветлувањеќе биде најмалку 15 години.

– Милениумскиот крст е споменик од светско значење кој ги симболиизра универзалните хуманистички вредности: толеранција и сочувство, мир и хармонија со општеството, истакна Лебедев.

Денека на официјалното пуштање во употреба на новото осветлување на Милениумскиот крст, покрај Лебедев,  пристуствуваа и директорот на „Балкан енерџи груп“, Михаил Скобиоала, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајанов, директорот на ЈСП, Мишо Николов, министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, рускиот амбасадор во Македонија, Олег Шчербаг и Валентина Божиновска, претседател на комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, како и  поглаварот на Македонската православна црква, г.г. Стефан.

Градежната компанија „Турбоинжинеринг“,  за 69 милиони денари го доби тендерот за доизградба на  Милениумскиот крст. Изведувачаот треба да го доизгради објектот да направи антикорозивна заштита на металната конструкција, која што по правило се прави на десетина години. Треба да го изгради ресторанот во кружната соба, а исто така да изгради водовод, одвод, прочистителна станица, ново осветлување и нов панорамски  лифт кој ќе води до краците. Најголем дел од овие градежни активности се веќе во тек, а, од претходните најави, веќе ова лето треба да проработи и ресторанот со кој ќе стопанисува сопственикот на ресторанот „Воденица“, Стојан Филиповски.